ИРАН СЕ ЗАКАНИ СО НАПАДИ ВРЗ ЕЛЕКТРОЦЕНТРАЛИ И НУКЛЕАРКА НА БЛИСКИОТ ИСТОК Тоа би бил одговор на заканата на Трамп

132

Иран денеска се закани дека ќе изврши напади врз електроцентрали ширум Блискиот Исток доколку САД ја реализираат заканата за бомбардирање на електроенергетски објекти во Исламската Република.

Заканата од Техеран отвора ризик за снабдувањето со електрична енергија и со вода во арапските држави од Персискиот Залив, со оглед на тоа што дел од електроцентралите се функционално поврзани со постројки за десалинизација.






На списокот потенцијални цели, објавен од иранската новинска агенција „Фарс“, се наоѓа и нуклеарната централа „Барака“ во Обединетите Арапски Емирати.

Нуклеарната централа се наоѓа во пустинска област во западниот дел на ОАЕ, во близина на границата со Саудиска Арабија и со Катар.

Списокот го објави и Агенцијата на иранското правосудство „Мизан“.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно предупреди дека САД ќе извршат напади врз ирански електроцентрали во рок од 48 часа доколку Техеран не се откаже блокадата на Ормускиот Теснец, клучен за глобалниот транспорт на нафта.

Ултиматумот на Трамп истекува денеска пред полноќ.

Поврзани содржини