ИРАН ПОТВРДИ ДЕКА УНИШТИЛ АМЕРИКАНСКА БАЗА Тоа било одмазада на уништување на ирански радарска кула на југот на земјата

„По агресијата врз комуникациската кула на островот Сирик, припадниците на воздухопловните сили на ИРГ ја гаѓаа воздухопловната база од која бил започнат нападот. Претходно утврдените цели се уништени“, соопшти Иранската ревоуционерна гарда.

1

Иранскиот Корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГ) денеска објави дека извршил одмазднички напади врз воздухопловната база што САД ја користеле за да започнат воен напад врз телекомуникациска кула на југот на Иран, објавија денеска иранските медиуми.

Во соопштението се наведува дека иранските воздухопловни сили ја погодиле и уништиле воздухопловната база од која „агресивната американска армија“ започнала напад врз телекомуникациска кула на островот Сирик, во покраината Хормозган, на југот на Иран, пренесе државната телевизија Прес.






Локацијата на базата не беше прецизирана во соопштението пренесено од државните медиуми, но според други извештаи, најверојатно се мисли на американска база во Кувајт, кој претходно соопшти дека пресретнал непријателски ракети и беспилотни летала.

„По агресијата извршена пред неколку часа од страна на агресорната американска армија врз комуникациската кула на островот Сирик, во покраината Хормозган, припадниците на воздухопловните сили на ИРГ ја гаѓаа воздухопловната база од која бил започнат нападот. Претходно утврдените цели се уништени“, се наведува во соопштението ИРГ.

Воздухопловните сили на ИРГ, исто така, издадоа строго предупредување против понатамошни воени дејствија, нагласувајќи дека секој иден напад ќе предизвика посериозни одговори.

Централната команда на САД (Цент-ком) синоќа објави дека во текот на викендот извршила „удари во самоодбрана“ врз иранските радарски и командно-контролни објекти во градот Горук и островот Кешм.

„Целните одбранбени напади беа извршени во саботата и неделата како одговор на агресивните ирански акции, кои вклучуваа соборување на американски дрон MQ-1 што леташе над меѓународни води. Американските ловци брзо реагираа и ги уништија иранските системи за воздушна одбрана, контролна станица на копно и два дрона за еднонасочни напади што претставуваа јасна закана за бродовите што пловат во регионалните води“, соопшти Цент-ком во објава на Икс, додавајќи дека ниту еден американски војник не е повреден.

Цент-ком објави дека ќе продолжи да ги штити американските сили и интереси „како одговор на неиспровоцирана иранска агресија“ за време на тековниот прекин на огнот.

Поврзани содржини