ИРАН ПОГОДИ АМЕРИКАНСКИ ТАНКЕР ВО ПЕРСИСКИОТ ЗАЛИВ? Најмалку 150 танкери се заглавени во Теснецот Ормуз

Иранската револуционерна гарда предупреди дека бродовите на САД, Израел и европските сојузници нема да можат да минуваат низ Персискиот Залив. Повеќе од 200 бродови веќе се заглавени кај Ормускиот теснец, преку кој поминува четвртина од светската нафта.

711

Иранската морнарица утрово погодила американски танкер во северниот дел на Персискиот Залив, соопшти иранскиот корпус на револуционерната гарда ИРГК.

Во соопштението се вели дека воените и комерцијалните бродови на САД, Израел и европските земји кои ги поддржуваат „нема да можат да поминат“ низ областа.






„Ако ги забележиме, дефинитивно ќе бидат погодени“.

Во написот се додава дека Иран претходно предупредил дека во време на војна има право да го контролира преминот низ Ормускиот теснец.

„Веќе рековме дека, врз основа на меѓународните закони и резолуции, Исламската Република Иран ќе има право да го контролира преминот низ Ормускиот теснец во време на војна“, соопшти ИРГК, според иранската новинска агенција Тасним.

Ситуацијата со заглавените бродови во Теснецот може да се следи и преку vesselfinder.com, еден од бројните сајтови кои ги даваат позициите на бродовите во живо.

 

Над 200 бродови (танкери и товарни) се директно заглавени и не можат да минат низ Ормускиот теснец објави Ројтерс на 4 март. Од нив најмалку 150 се танкери кои носат нафта, од нив 112 носат сурова нафта, додека повеќе од 70 се таканаречени супертанкери VLCC.

Вкупно, околу 3.200 бродови се во заливоoт.

Нормално околу 50 танкери дневно минуваат низ Ормускиот теснец.

Според анализа на АФП, четвртина од нафтата што се транспортира по море поминува низ Ормуз.  Инфографикот кој го објави медиумот ги прикажува различните точки на планетата низ кои поминуваат суровата и обработената нафта.

 

Поврзани содржини