ИРАН НИКОГАШ НЕ ПЛАНИРАЛ ДА ГО УБИЕ ТРАМП, ТОА Е ИЗМИСЛИЦА НА ИЗРАЕЛ Пезешкијан уверува дека Техеран не порачува атентати

На прашањето дали Иран е подготвен да вети дека нема да има атентати врз Трамп, иранскиот претседател, Масуд Пазешкијан, рече дека Иран никогаш не се обидел и никогаш нема да го направи тоа.

111

Иранскиот претседател, Масуд Пезешкијан, изјави дека земјата никогаш не планирала да го убие новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.

Во изјава за Ен-Би-Си њуз тој ги негираше тврдењата на самиот Трамп и на американското Министерство за правда, изнесени за време на изборната кампања, дека имало заговор на иранската елита за убиство на Трамп.






– Никогаш не сме се обиделе да го направиме тоа и никогаш нема да го направиме. Ова е уште една од оние шеми што Израел и други земји ја осмислуваат за да промовираат иранофобија. Иран никогаш не се обидел, ниту пак, планирал да убие некого. Барем колку што знам – изјави Пезешкијан.

На прашањето дали Иран е подготвен да вети дека нема да има атентати врз Трамп, Пазешкијан рече дека Иран никогаш не се обидел и никогаш нема да го направи тоа.

Трамп, кој победи на минатогодишните избори во САД и ќе ја преземе функцијата на 20 јануари, преживеа два атентата за време на кампањата – еден во септември, додека играше голф на својот домашен терен во Вест Палм Бич, Флорида, и друг во јули, на митинг во Пенсилванија.

Инспекторите не пронајдоа докази дека Иран бил вклучен во овие обиди.

Поврзани содржини