ИРАН НЕМА ДА ГО ОТВОРИ ОРМУЗ ВО ЗАМЕНА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕКИН НА ОГНОТ Техеран го разгледува мировниот план, ама не сака притисок со рокови

Техеран верува дека Вашингтон не е подготвен за траен прекин на огнот.

286

Иран нема повторно да го отвори Ормускиот Теснец во замена за „привремен прекин на огнот“, изјави денеска за Ројтерс висок ирански функционер, додавајќи дека Техеран верува дека Вашингтон не е подготвен за траен прекин на огнот.

Функционерот потврди дека Иран добил предлози за итно примирје и ги разгледува, но додаде дека Техеран не прифаќа да биде притиснат со рокови и да донесе одлука.






Пакистан изготви рамка за прекин на борбите и синоќа ја испрати до Иран и до САД, со која се предлага двостепен пристап – со моментален прекин на огнот и отварање на Ормускиот Теснец, по што ќе следи сеопфатен миреовен договор.

Американскиот портал Аксиос синоќа објави дека САД, Иран и регионалните медијатори разговараат за потенцијално 45-дневно примирје, како дел од двофазен договор што би можел да доведе до траен крај на војната, повикувајќи се на американски, израелски и регионални извори.

Според предлогот, Ормускиот Теснец би бил повторно отворен, а завојуваните страни би имале помеѓу 15 и 20 дена за финализирање поширок договор.

ПРЕКИНОТ НА ОГНОТ МОРА ДА БИДЕ ДОГОВОРЕН ДЕНЕСКА Пакистан им испрати мировен план на САД и на Иран

 

Поврзани содржини