ИРАН ИНТЕНЗИВНО РАБОТИ ВО НУКЛЕАРНАТА ЦЕНТРАЛА ФОРДО Новите сателитски снимки покажуваат тешка механизација на теренот

Иранските државни медиуми објавија дека нуклеарните локалитети биле евакуирани и дека збогатениот ураниум бил преместен „на безбедна локација“ пред нападите.

1,444

Новите сателитски снимки направени во петокот покажуваат интензивирана градежна и ископувачка активност во иранскиот нуклеарен објект Фордо, неколку дена откако американските невидливи бомбардери Б-2 фрлија масивни пенетратори на муниција (MOP) на подземната локација, пишува Њузвик.

Медиумот се повикува на  слики, направени од „Максар Технолоџис“,кои  откриваат тешка машинерија што сè уште е на место, дополнителни земјени работи и знаци дека влезовите на тунелите можеби биле намерно затворени пред нападите.






Локацијата Фордо, закопана во планина 60 милји јужно од Техеран, беше меѓу трите ирански нуклеарни локалитети што беа цел на операцијата „Полноќен чекан“, лансирана преку ноќ на 21 и 22 јуни. Врз основа на сликите, објектот сега покажува знаци на „свежо движење на земјата“, вклучувајќи нови пристапни патишта и групи кратерски зони, особено во близина на клучните влезови на тунелите.

Иако првичните американски проценки ја опишаа штетата од бомбардирањето како „екстремно сериозна“, ажурираните сателитски фотографии сугерираат дека Иран можеби дејствувал превентивно за да ги обезбеди чувствителните компоненти.

Иранските државни медиуми објавија дека нуклеарните локалитети биле евакуирани и дека збогатениот ураниум бил преместен „на безбедна локација“ пред нападите.

Поврзани содржини