ИРАН БАРА ТАКСА ОД 2 МИЛИОНИ ЕВРА ПО БРОД ЗА ПРЕМИН НИЗ ОРМУЗ Техеран претстави мировен план, бара да се укинат сите санкции

Иран од САД и од Израел бара гаранции за траен мир, а приходите од бродарината во Ормускиот Теснец ќе ги дели со Оман.

91

Иран презентираше предлог од 10 точки за прекин на војната со САД и со Израел, во кој, меѓу другото, се предвидува воведување такса од околу 2 милиони долари по брод за премин низ Ормускиот Теснец. Приходите ќе се користат за обнова на инфраструктурата уништена од американските и од израелските напади, наместо да се бара репарација.

Двајца високи ирански функционери, зборувајќи под услов да останат анонимни, рекоа дека предлогот вклучува гаранција дека Иран нема повторно да биде нападнат, крај на израелските напади врз Хезболах во Либан и укинување на сите санкции, објави „Њујорк тајмс“.






За возврат, Иран ќе ја укине де факто блокадата на морскиот премин и ќе ги дели приходите со Оман.

Предлогот вклучува протокол за безбедно преминување, обнова на инфраструктурата и прекин на регионалните непријателства.

Порталот Аксиос претходно, повикувајќи се на американски, израелски и регионални извори, објави дека САД, Иран и регионалните медијатори разговараат за потенцијално 45-дневно примирје како дел од двофазен договор што би можел да доведе до траен крај на војната. Договорот, привремено наречен „Договор од Исламабад“, би вклучувал регионална рамка за Ормуз, со финални разговори лице в лице во Исламабад.

Ирански претставници претходно изјавија дека Техеран бара траен прекин на огнот со гаранции дека нема повторно да биде нападнат од САД и Израел.

Поврзани содржини