„ИНВЕСТИРАМЕ НИЗ ЦЕЛАТА ТЕРИТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА“ Започна изградба на детска градинка во Кисела Вода

Она што е важно е дека мораат граѓаните да се чувствуваат комотни, да ја вратиме надежта и она коешто е многу важно, да покажеме дека нема веќе да работиме по принципот „како до сега“, туку со иновативни методи ќе си ја развиваме нашата татковина, Македонија, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

97

Сите овие проекти се прават за најмладите, за оние на коишто им е потребно да своите најрани години ги поминуваат во објекти, каков што ќе биде овој за отприлика според рокот, две години. Но, убеден сум дека ќе биде порано. Продолжуваме да инвестираме на целата територија на Македонија, порача премиерот Христијан Мицкоски на денешниот почеток на изградба на детска градинка во Кисела Вода.

– Она што е важно е дека мораат граѓаните да се чувствуваат комотни, да ја вратиме надежта и она коешто е многу важно, да покажеме дека нема веќе да работиме по принципот „како до сега“, туку со иновативни методи ќе си ја развиваме нашата татковина, Македонија. Тоа е она кое што ние како Влада имаме намера да го правиме. Му честитам на градоначалникот за посветената работа која што ја прави секојдневно, неуморно, овде во општина Кисела Вода, на советниците кои што ја поддржуваат неговата работа, на општинската администрација, пратениците се разбира коишто се составен дел. Понатаму, директорите на објектите коишто се под ингеренции на локалната самоуправа, бидејќи ако немате добра подготовка, ако немате добро проектирање и дефинирање на приоритетите, тогаш вие ќе не можете да имате ниту добар проект. Продолжувам и понатаму како Влада, преку оној проект за децентрализација од буџетски средства кон општините да инвестираме на цела територија на Македонија. Веќе неколку проекти овдека во Кисела Вода се потпишани, во оној прв бран, сега во февруари ќе има уште еден, втор бран проекти кои што ќе бидат исто така потпишани. Мислам дека на тој начин ја заокружуваме оваа инвестициска активност за оваа и за следната 2025 веќе почнуваме да правиме планови за следната 2026 година. Импресионира посветеноста на градоначалниците, морам да кажам – порача Мицкоски.






Ги поздравувам сите оние коишто навистина учествуваат во овој проект и ги повикувам и понатаму да бидат дел од проектите коишто ќе ги финансира Владата, додаде тој.

Поврзани содржини