(ВИДЕО) ИНВАЗИЈА НА БОТОВИТЕ НА ВУЧИЌ КОИ ЈА ТРУЈАТ СРБИЈА! Протекоа имиња на дури 14.310 профили од кои половина земаат државни пари, а „ботуваат“ за СНС

Според пишувањата на српските медиуми, некои од нив добиваат хонорари за оваа услуга за да им помогнат да ја надминат инфлацијата и тешката социјална состојба.

930

Според белградската редакција на телевизија „N1“, на интернет се појави листа од 14.310 профили на владејачката Српска напредна партија на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм, Твитер и Тик Ток, на кои ботови на владејачката партија испраќаат свои пораки и коментари во со што го идеализираат претседателот Александар Вучиќ и неговите политики или пак ги навредуваат и напаѓаат сите оние кои не мислат така, а на прво место српската опозиција и демонстрантите кои веќе неколку недели „шетаат“ барајќи заминување на Вучиќ од политичката сцена.

Спорната листа содржи конкретни имиња на ботови, а идентификувани се 3.162 од нив кои „професионално“ ја вршат оваа работа паралелно со нивното постојано вработување или функција во општеството. Голем дел од нив се вработени во градските администрации, министерства и други државни или локални институции, директори на училишта, професори на факултет и други лица чие финансирање се базира на државниот буџет.






Според пишувањата на српските медиуми, некои од нив добиваат хонорари за оваа услуга за да им помогнат да ја надминат инфлацијата и тешката социјална состојба.

Ботовите се поделени во 4 категории. Првите се класични ботови чија задача е да пишуваат позитивни и поддржувачки коментари за СНС и политичките потези на Вучиќ. Втората категорија се т.н. суперспецијалисти, најчесто вработени во државни и јавни служби, кои реагираат во вонредни ситуации и можат да изразат љубов кон лидерот или омраза кон непријателите.

Третата категорија се „хејтерите“ задолжени да ги навредуваат, омаловажуваат и исмеваат оние што имаат спротивставени мислења за Вучиќ и неговата политика. Четвртата група се навивачи задолжени само да го фалат и промовираат култот на личноста на Александар Вучиќ.

Откако беа откриени овие профили, некои беа избришани или деактивирани. Еден од нив е Марко Јовановиќ, кој призна дека е бот, исто како и неговиот истоименик, а и двајцата биле алтер его на поранешниот претставник на СНС во Собранието, Јанко Лангура.

Градовите со најголем број на ботови поврзани со СНС се Крушевац со 87 луѓе, Шабац со 70 и Лесковац со 63 луѓе кои ја извршуваат оваа задача. Меѓу нив има претставници во Градската управа, како и вработени во градската администрација и градските претпријатија.

Пред неколку години, од Tвитер беа отстранети околу 8.500 профили кои ги фалат СНС и Вучиќ. Од тие сметки беа објавени повеќе од 40 милиони твитови. Треба да се напомене дека неколку години претходно, денешниот градоначалник на Белград, Александар Шапиќ, призна дека користел ботови, но го изрази своето незадоволство бидејќи „комплементарните профили“ не биле доволно ефективни.

Поврзани содржини
na