ИНТЕРЕСОТ ЗА ГРАЃАНСКАТА ОБВРЗНИЦА ГИ НАДМИНА ОЧЕКУВАЊАТА Понудите се примаат до 10 декември

Министерството за финансии на крајот на минатиот месец го објави Проспектот за издавање на нова Граѓанска обврзница од 100 милиони денари (1,63 милиони евра).

24

Граѓаните покажале повисок интерес за граѓанската обврзница од очекуваниот на Министерството за финансии, информира денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Во овој момент интересот е поголем од очекуваниот. Меѓутоа да почекаме до 10 декември потоа ќе го објавивме кој е интересот. но има интерес да – рече Димитриеска Кочоска.






Таа рече дека за се што има поголем интерес ќе биде прифатено.

Министерството за финансии на крајот на минатиот месец го објави Проспектот за издавање на нова Граѓанска обврзница од 100 милиони денари (1,63 милиони евра).

Износот на една граѓанска обврзница е 10.000 денари, односно тоа е минималниот износ којшто може да се запише од страна на граѓаните.

Купонската каматна стапка изнесува 4,5%, а рочноста на обврзницата е 2 години.

Датумот на достасување на обврзниците е 19 декември 2027 година, а каматата за исплата достасува за првата година на 19 декември 2026 и за втората година на 19 декември 2027 година.

Граѓаните може да доставуваат понуди за запишување обврзници до 10 декември 2025 година, а аукцијата ќе се одржи на 12 декември.

 

Поврзани содржини