Интересен стајлинг на романски министер: Прозорче за вакцина на ракавот (ВИДЕО)

Постапката на министерот привлече големо внимание на социјалните мрежи.

870

Романскиот министер за образование, Сорин Цимпеану привлече големо внимание за време на вакцинацијата затоа што носеше специјална кошула.

Тој дојде на вакцинацијата за корона во воената болница во Букурешт, а кога требаше да се соблече или да го засука ракавот, тој покажа специјален „отвор“ на неговиот ракав.






За да не се мачи со промена на облека или откопчување пред камерата, тој се пофали со интересен дизајн – извадил дел од ткаенината од ракавот за да може медицинската сестра да го вакцинира.

Поврзани содржини