Еден од најдобрите италијански фудбалски клубови, милански Интер, вечерва беше подобар од Фиорентина со резултат 4:3. Натпреварот беше жесток, со многу шанси на теренот и со дури три пресврти.
Резултатот го отвори Фиорентина на почетокот на мечот со голот на Коуме, за подоцна во самиот финиш на првото полувреме, да изедначи Аргентинецот Лаутаро Мартинез. Во 52-та минута фудбалерот на гостите, Чекерини, постигна автогол, а пет минути подоцна Кастровили го изедначи резултатот на 2:2.
Во 63 минута, по една одлична асистенција на Французинот Франк Рибери до Киеза, Фиорентина поведе повторно со 2:3.
Таков беше резултатот сè до 87-та минута кога Ромелу Лукаку ја заби топката во мрежата на гостите. Во меѓувреме, тренерот на Интер, Антонио Конте, ги изврши сите 5 замени, па на теренот истрчаа Хакими, Видал, Наинголан, Сенси и Санчез. Ваквиот состав беше прилично офанзивен, а тоа на крајот се исплатеше, бидејќи Д’Амброзио успеа во 89-тата минута да му донесе победа на својот тим.