ИНТЕР МУ НАМИГНУВА НА ВРВОТ, ЈУВЕНТУС МУ СЕ СМЕШКА НА ДНОТО Нероаѕурите нанижаа победа, бјанконерите не освоија ниту бод
Како што стојат работите на табелата, Наполи и Милан ги делат првите две позиции со 32 бодови, но со еден натпревар помалку. Интер е на третата позиција со 31 бод, четврта е Аталанта, на петтото место е Рома, на шестото Лацио....
Италијанскиот шампион Интер нанижа уште една победа во Серија А, откако вечерва ја победи Венеција со резултат 0:2. Првиот погодок го постигна Хакан Чалханоглу во првото полувреме, откако испали вистински проектил кон противничкиот гол, а точка на натпреварот стави Аргентинецот Лаутаро Мартинез со гол од пенал во 95 минута.
Претходно, пак, Аталанта го победи Јувентус на гостински терен со резултат 0:1, Сампдорија ја прегази Верона со 3:1, а Фиорентина загуби со пресвртот на Емполи (2:1).
Како што стојат работите на табелата, Наполи и Милан ги делат првите две позиции со 32 бодови, но со еден натпревар помалку. Интер е на третата позиција со 31 бод, четврта е Аталанта, на петтото место е Рома, на шестото Лацио….
Екипата на Јувентус е на катастрофалното осмо место со освоени 21 бод и во моментов има цели 10 поени помалку од Интер, а 11 помалку од Наполи и од Милан.