ИНТЕНЗИВНО СЕ РАБОТИ НА РЕФОРМИ ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Минчев и Суперти го продолжија разговорот почнат во Брисел

155

Министерот за јавна администрација Горан Минчев се сретна со директорката за Западен Балкан во Генералниот директорат за проширување и источно соседство при Европската комисија, Валентина Суперти, во Будва, во рамки на министерската конференција.

Средбата претставуваше континуитет на разговорите што претходно се одржаа во Брисел, при што соговорниците разменија мислења за натамошно унапредување на реформите во јавната администрација и динамиката на нивната имплементација.






Министерот Минчев ја потенцираше стратешката определба на министерството и Владата за изградба на ефикасна, транспарентна и професионална јавна администрација, целосно усогласена со европските стандарди и вредности.

Суперти го поздрави остварениот напредок, нагласувајќи дека Европската комисија и понатаму ќе остане доследен партнер во поддршката на реформските процеси и европската интеграција на Македонија.

Средбата во Будва ја реафирмираше заедничката заложба за продлабочување на партнерството и унапредување на соработката, во насока на ефикасна реализација на реформите и остварување на стратешката цел, односно полноправно членство на Македонија во Европската Унија.

 

Поврзани содржини