ИНТЕГРА демантира дека нивни членови преминуваат во ВМРО-ДПМНЕ
Од таму велат дека лидерството на партијата е сплотено и дека минатиот месец единствено некои од партиските функционери и носители на листи биле разрешени или поднеле оставки.
Од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека лидерот на партијата Христијан Мицкоски на пладне ќе се сретне со раководни структури на ИНТЕГРА, во насока на најавеното окрупнување на опозицијата
Откако ВМРО-ДПМНЕ најави дека дел од раководството на Интегра преминува во нивни редови, со демант излегоа од партијата Интегра.
Од таму велат дека лидерството на партијата е сплотено и дека минатиот месец единствено некои од партиските функционери и носители на листи биле разрешени или поднеле оставки.
– По изборите е спроведена идеолошка диференцијација во тимовите, минатиот месец со едногласна одлука на Претседателството разрешен е Воислав Зафировски од сите раководни позиции во партијата поради преминат праг на морална грешка, а во меѓусебен договор двајца носители на листа си поднесоа оставка. Сите други им беше оставено време и демократска можност да одлучат дали ќе продолжат на патот на самостоен настап на ИНТЕГРА во периодот пред нас или ќе се повлечат од понатамошни активности во партијата – се вели во нивното соопштение.
Од таму ги обвинија ВМРО-ДПМНЕ дека и пред изборите и после тоа, вршеле притисоци кон лидерството на партијата.
– ИНТЕГРА беше под специјална војна на одметнати удбашки структури за време на изборите, а која не застана и потоа. Беа спроведени три операции ‘Понтиј Пилат’, ‘Понтонски мост’ и Ашовиот експеримент, а со цел да се стави под контрола лидерот Љупчо Ристовски и партијата да премине и продолжи приклонета, да одработува за ‘туѓи бели дворови’. ДП*НЕ во својата немоќ да се поврати од пропаста, прибегнува кон подли методи на клиентелистички поткуп, уцени и закани кон лидерството на ИНТЕГРА, свесни дека како партија и идеологија го губат тлото под нозете и дека ИНТЕГРА го презема приматот во опозицијата врз македонските национални интереси. Лидерството на ИНТЕГРА е монолитно, единствено, сплотено и поревносно од било кога во намерите да го задржи независниот стратегиски правец на политичката сцена и да ја продожи борбата против црно-белата погубна политичка карта во Македонија – се вели во нивното соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека лидерот на партијата Христијан Мицкоски ќе се сретне со раководни структури на ИНТЕГРА, во насока на најавеното окрупнување на опозицијата.