Институт за јавно здравје: Смртноста е зголемена, за една недела починаа 276 пациенти
Заболени лица се регистрирани во сите возрасни групи. Најзастапени се оние над 60 години, а голем број заболени има и кај возрасната група од 50-59 години. Најмал број е регистриран кај децата до 9 години.
Во овој период пријавени се 276 смртни случаи од 29 градови што е за 6,2 проценти повеќе. Најголем број се над 60 години, односно 238 лица, потоа 27 лица се на возраст од 50 до 59 години, осумина се на возраст од 40-49 години и тројца на возраст од 30 до 39 години.