ИНСТИТУЦИИТЕ ДА ГО ПОВИКААТ ЈОН ФРЧКОСКИ НА РАСПИТ Филипче да каже како поставил лице консумент на дрога на партиска функција
Фрапирачки е како Венко Филипче како лекар, хирург, молчи за консумирањето дрога на Јон Фрчкоски, лице кое тој го постави за партиски функционер, реагираше Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.
– Дали Венко Филипче како лекар, но и како претседател на СДСМ го осудува консумирањето на дрога од страна на Јон Фрчкоски? Има јавно признание како нивен партиски функционер консумирал дрога на работно место. Зошто Венко Филипче молчи и се крие, обидувајќи се да го сокрие овој мега нарко скандал? Ги повикуваме надлежните институции да го повикаат на распит Јон Фрчкоски. Дали Јон Фрчкоски консумирал дрога кога водел институција како помошник директор во ПУИГ, или е сега кога водел орган во СДСМ? Доколку Јон Фрчкоски консумирал дрога додека бил помошник директор на ПУИГ, дали и како тоа влијаело на неговите одлуки како директор? Институциите треба да го проверат работењето на Јон Фрчкоски како помошник директор, и дали тој додека бил во состојба под психотропни супстанци ја оштетил институцијата? – реагираше Петрушевски.