Инстаграм ја цензурираше Мадона, шири лажни и опасни информации за вакцината за коронавирусот

694
Мадона во вторникот објавила видео со дезинформации за коронавирусот и за лек кој ги оздравува пациентите, па на Инстаграм напишала дека вакцината е развиена, но дека е ускратена, и се крие од мнозинската јавност, со цел богатите луѓет уште повеќе да се збогатат.

„Вистината ќе нè ослободи. Но, некои луѓе не сакаат да ја слушнат вистината“, напишала таа во објавата која Инстаграм ја означи како лажна информација и ја цензурираше, објаснувајќи дека засега не постои познат лек за коронавирус, пренесува „Vulture“.
Објавата подоцна беше отстранета од Инстаграм. Во виралното видео што го споделил и американскиот претседател Доналд Трамп, пред да биде отстрането од Твитер, е претставена контроверзната лекарка од Хјустон, д-р. Стела Имануел, која тврди дека излекувала стотици пациенти со одреден лек, а исто така, рекла и

дека заштините маски не се потребни.

На почетокот Инстаграм стави забрана за гледање на видеото, пишувајќи дека се „шират лажни вести“, а видеото е избришано набргу потоа.

Доналд Трамп, исто така го сподели истото видео на својот Твитер, кое подоцна беше избришано од таа социјална мрежа.

Студиите покажаа дека овој лек е неделотворен во лекувањето на вирусот, со можни опасни несакани ефекти.

Пејачката Ени Ленокс изрази загриженост поради Мадона заради ширењето на дезинформациите.

„Ова е целосно лудило. Не можам да верувам дека ги промовираш тие опасни глупости“, напиша таа. „Се надевам дека твојот профил е хакиран и дека се подготвуваш да објасниш сè“.

Мадона веќе го привлече вниманието со контроверзни изјави за коронавирусот, кој го нарече одличен изедначувач, но и таа објава подоцна беше отстранета од Инстаграм.

 

 

.

Поврзани содржини