Инспекторите за животна средина патролираат покрај Вардар да спречат палење кабли и гуми

Инспекторатите заедно со МВР договориле заеднички патроли.

173

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) иницираше заеднички акции со Инспекторатот на Град Скопје и МВР со цел спречување на палење кабли и гуми покрај реката Вардар.

Договорени се засилени патроли и интервентни акции по пријави на граѓани.






„Ги охрабруваме граѓаните, штом се јави чад веднаш да пријават загадување преку Месинџер на Фејсбук страницата на Државниот инспекторат за животна средина. Само заеднички можеме да делуваме за зачувување на животната средина“, наведува ДИЖС.

Поврзани содржини