ИНСПЕКТОРИТЕ ГИ ПРОВЕРУВААТ ОБЈЕКТИТЕ ЗА СВАДБИ Извештајот од контролите ќе биде објавен во наредните денови

Овие инспекции се фокусирани на проверка дали објектите ги исполнуваат минимално-техничките услови коишто ги бара законот.

164

Од денеска пет инспекциски екипи се активни на терен и вршат проверки на објектите коишто се наменети за прослави и големи собири, соопшти денеска портапролката на Владата, Марија Митева.

Овие инспекции се фокусирани на проверка дали објектите ги исполнуваат минимално-техничките услови коишто ги бара законот.






– Во наредните денови очекуваме нов извештај од оваа контрола, кој ќе даде појасна слика за нивоата на усогласеност и сите неопходни корективни мерки коишто ќе треба да се преземат – рече таа.

Митева рече дека целата потребна документација којашто е поврзана со сите неодамнешни инспекции е целосно обработена. Целокупната постапка е завршена во форма на службен записник кој е доставен до надлежните институции. Со ова, Државниот пазарен инспекторат и формално и законски го заокружи првиот дел од процесот во рекордно време, обезбедувајќи ефикасност и усогласеност со прописите.

– Нашата влада не е тука да врши аналитички пристап без конкретни чекори. Тука сме да дејствуваме. Нема да дозволиме беззаконие или двојни стандарди и ќе продолжиме да ја зајакнуваме институционалната ефикасност сѐ со цел да обезбедиме правилата да важат за сите подеднакво. Јавноста заслужува безбедност, правичност и институции кои ѝ служат, а не обратно – порача Митева.

Поврзани содржини