Инспекција влезе во АстраЗенека

Истрагата е на барање на извршната власт на ЕУ поради сомнение за објаснувањето на АстраЗенека за очекуваната намалена испорака на вакцини во ЕУ.

813

Белгиската власт покрена истрага за производството на вакцините на АстраЗенека во близина на Брисел на барање на Европската комисија во време на ескалацијата на спорот за недостигот на вакцини во ЕУ, јавува Гардијан.

Инспекцијата е на терен наводно на барање на Европската комисија за да утврди постојат ли навистина проблеми во производството на вакцини, што компанијата го спомена како причина за доцнење во доставата на договорената количина. Сепак, Европската комисија за тоа не сака да зборува, и сѐ уште не се знае дали инспекцијата е на нивно барање и зошто.






Белгиската власт порача дека во соработка со експерти од Холандија, Италија, Германија и други држави ќе ги анализира наодите.

Инспекцијата се поврзува со вчерашниот состанок во Брисел.

Шефот на АстраЗенека синоќа одлучил да дојде на состанокот, а пред тоа, во текот на денот се појави вест дека компанијата нема никого да прати на состанокот со претставниците на Европската унија.

Освен дека рекле оти ќе настојуваат да оддржуваат контакти за да осигураат достава на вакцините на време, во седиштето на Европската комисија не дале никакви нови информации за разговорите.

Не сакаа да изнесат детали за разговорите со шефот на АстраЗенека.

Прва посета на официјални лица на белгиската сојузна агенција за лекови завршена е вчера во Сенефе, соопштило министерството за здравство во Белгија. Примероци се земени од машините, а натамошниот преглед на објектот се очекува во следните денови.

Истрагата е на барање на извршната власт на ЕУ поради сомнение за објаснувањето на АстраЗенека за очекуваната намалена испорака на вакцини во ЕУ.

Англо-шведската компанија соопштила дека ќе може да испорача на државите членки на ЕУ само околу 25 отсто од 100 милиони дози кои се очекуваат до крајот на март поради производствени проблеми на белгиската локација во сопственост на француската компанија за животни науки Новасеп. Се очекува дека вакцината ќе биде одобрена од Европската агенција за лекови во петок.

Поврзани содржини