ИНСАЈДЕРИ ВО КРЕМЉ ЗБОРУВААТ ЗА ПУТИН Ако ја изгуби војната, може да прибегне кон нуклеарно оружје

Изворите тврдат дека рускиот претседател сè повеќе се потпира на сè помалиот круг на тврдокорни советници. Тие додаваат дека Путин наводно ги отфрлил предупредувањата за катастрофалните економски и политички последици од војната во Украина.

1,014

Дел од инсајдерите во Кремљ сè повеќе стравуваат дека Путин, доколку се соочи со пораз во Украина, би можел да прибегне кон употреба на нуклеарно оружје, пишува Блумберг. Неколкумина од нив, кои се на високи позиции во владата и бизнисот веруваат дека руската окупација „била катастрофална грешка што ќе ја врати Русија години наназад“, изјавиле за порталот десет извори.

Овие луѓе, велат изворите, сметаат дека нема шанси Путин да го промени правецот на својата политика во однос на Украина, а исто така и не гледаат шанса да биде доведена во прашање неговата позиција на семоќен владетел на Русија.






Изворите тврдат дека рускиот претседател сè повеќе се потпира на сè помалиот круг на тврдокорни советници. Тие додаваат дека Путин наводно ги отфрлил предупредувањата за катастрофалните економски и политички последици од војната во Украина.

Поврзани содржини