Џиновска скулптура изработена од пепелта и лузните на Бејрут (ВИДЕО)
Скулптурата е наречена „Гест“ и е дело на либанскиот архитект Надим Карам, кој е жител на Бејрут и уметник кој вели дека сакал да им оддаде почит на семејствата на жртвите од експлозијата, пренесува „Ројтерс“.
Џиновска скуплтура направена од остатоците по експлозијата која се случи минатото лето во либанската престолнина Бејрут, беше откриена на самото пристаниште. Некои од Либанците ова го поддржаа, додека од друга страна беше гневот на оние кои велат дека правдата треба да дојде пред било кое спомен-обележје.
Скулптурата е наречена „Гест“ и е дело на либанскиот архитект Надим Карам, кој е жител на Бејрут и уметник кој вели дека сакал да им оддаде почит на семејствата на жртвите од експлозијата, пренесува „Ројтерс“.
Ова дело било финансирано од голем број приватни компании.
– Имате џин направен од пепел, лузните на градот и лузни од луѓе кои сè уште не се излекувани – вели Карим и додава дека се надева дека семејствата на оние што ги изгубиле животите ќе гледаат позитивно на ова дело.
Во експлозијата која се случи минатото лето на пристаништето во Бејрут загинаа повеќе од 200 луѓе, илјадници беа повредени, а уништени беа и големи делови од градот. Една година подоцна, ниту еден висок функционер не одговарал, бидејќи локалната истрага не напредува.
Beirut turned the crime scene into a statue with a fountain.
Still no accountability for the actual crime.
I guarantee you that it’s gonna get destroyed. https://t.co/5UPtgsZSBx
— joey ayoub #AbolishKafala (@joeyayoub) August 3, 2021