Иновативна соработка на Солар Дата Колектор со германски СекондСол

Од Свифт Дата велат дека целта на меѓусебната соработка е носење на пазарот ново next-gen решение во соларната индустрија односно олеснување на процесот за набавка и одбирање на компоненти за изградба на централа.

580

Компанијата Свифт Дата со своето иновативно решение Солар Дата Колектор склучи договор за соработка со најголемиот онлајн пазар за соларни компоненти, германска компанија

. Со тоа компанијата обезбеди настап на германскиот пазар, а нејзините клиенти полесно доаѓаат до произбодите кои ги нуди германската компанија.






Од Свифт Дата велат дека целта на меѓусебната соработка е носење на пазарот ново next-gen решение во соларната индустрија односно олеснување на процесот за набавка и одбирање на компоненти за изградба на централа. Заинтересираните мали инвеститори имаат можност да стигнат до панели и компоненти по конкурентни цени.

– Корисниците на платформата на Солар Дата Колектор ќе можат да изберат регионални или меѓународни производи и дистрибутери, да изберат панели и инвертери за дизајн/оптимизација на фотоволтаичната централа, и покрај техничките параметри да ги имаат предвид и цените при пресметката – велат од  Свифт Дата.

Александар Момироски, генерален менаџер на Свифт дата изјави дека се задоволни што го интегрирале СекондСол во платформата на СоларДатаКолектор.

–  Ова на нашите корисници им овозможува да ги вклучат достапните производи и производители од цела Европа во нивните предвидувања и оптимизации. Македонските и сите останати инвеститори ќе имаат можност во реално време да видат како стојат цените на пазарот за голем број на компоненти, со што нема да се ограничуваат на локалните дистрибутери – вели Момироски.

Стефан Випих, управен директор на SecondSol информира дека компанијата нуди околу 3 милиони индивидуални артикли на располагање и е еден од најголемите снабдувачи на ПВ производи во светот.

–  Бројот на нови производи што се нудат значително се зголеми во последниве години и е во постојан раст. Пред сè, производителите и дистрибутерите од цела Европа го користат пазарот на СекондСол за да ги претстават своите производи на уште поголема целна група. Преку соработка со Солар Дата Колектор, ние исто така им нудиме на нашите продавачи нови и ексклузивни можности за продажба надвор од досегашните региони на продажба – вели Випих.

Од Свифт Дата додаваат дека имплементацијата на двете решенија заедно била поттикната од желбата за олеснување на процесите за дизајнирање и изработување на студија за фотоволтиачна централа.

– Веќе започнавме преговори за нови интеграции и нови иновативни решенија кои ќе ги променат досегашните рамки поставени во индустријата – вели Дамјан Постоловски од Свифт Дата.

Солар Дата Колектор е софтверско решение кое преку својата платформа нуди проценка за потенцијал на локација, мониторирање на веќе постоечки централи и предвидување на производство за следните неколку дена.Предвидувањето на производство на електрична енергија е уште една новост која е достапна на корисниците на Солар Дата Колектор. Ова ќе им овозможи прецизно предвидување на производството и задоволување на нормите и дневните таргети кои ги побаруваат регулативите на државите.

Поврзани содржини