ИНФЛАЦИЈАТА ЗАБАВИ ВО АВГУСТ Први сигнали дека процесот на дезинфлација е започнат
Годишната стапка на инфлација на храната има не-растечки тренд (изнесува 5,4%, за потсетување во јули изнесуваше 6%) водена пред се од повисоките цени на овошјето поради намаленото домашно производство и повисокиот увоз.
Во август е забележано значително забавување на месечната стапка на инфлацијa и истата изнесува 0,2%. За споредба, во јули, месечната стапка на инфлација изнесуваше 1,1%.
Месечната стапка на инфлација на храната и безалкохолните пијалоци изнесува 0,6% при што забележано е намалување на трошоците на живот за повеќе групи на производи како што се рибата и морските плодови од 0,9%, маслата и мастите од 0,1%, овошјето од 1,5%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи од 0,2%, останати прехрамбени производи од 0,9%, потоа mинералната вода, безалкохолните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук од 1,1%, Кафето, чајот и какаото од 0,2%.
Малиот месечен раст на индексот на трошоци на живот за храната и безалкохолните пијалоци е резултат на растот на цените на зеленчукот, од 4.9%, тренд присутен подолг период во целиот регион главно поради добро познатите состојби на намалени приноси и понуда поради понеповолните временски услови.
Намалување на трошоците на живот на месечна основа во август е забележано и кај облеката и обувките од 0,6%, здравствената заштита од 0,1%, транспортот од 3,1%, образованите од 0,1%.
Tрошоците останале на исто ниво во групите Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива и кај Комуникациите.
На годишна основа, стапката на инфлација исто така забавува при што во август е на пониско ниво споредбено со инфлацијата во јули. (Во август изнесува 4,4%, за потсетување, во јули изнесуваше 4,8%).
Годишната стапка на инфлација на храната има не-растечки тренд (изнесува 5,4%, за потсетување во јули изнесуваше 6%) водена пред се од повисоките цени на овошјето поради намаленото домашно производство и повисокиот увоз.
Забавување на годишната стапка на инфлација во август, во споредба со јули, е забележана кај повеќето групи на производи.
Годишната стапка на инфлација со исклучени компоненти од храна и енергија (базична инфлација) исто така забавува и во август е на пониско ниво споредбено со јули. На месечно ниво, базичната инфлација бележи намалување односно (i) месечна инфлација со исклучени енергија, течни горива и мазива и храна за 0,2%, (ii) Месечната инфлација со исклучени енергија, течни горива и мазива и непроцесуирана храна за 0,1%, (iii) Месечната инфлација со исклучени енергија, течни горива и мазива и непроцесуирана храна, тутун и алкохолни пијалоци исто така е намалена за 0.1%.
– Многу е значајно дека ние денес зборуваме за забавување на вкупната инфлација, забавување на базичната инфлација и за намалени трошоци на живот на месечна основа кај повеќе групи на производи. Ова се јасни, првични сигнали дека процесот на дезинфлација е започнат и убеден сум дека истиот ќе продолжи а инфлацијата постепено ќе се врати на посакуваните 2% – вели експерт.
Како резултат на економските мерки и политиките на Владата, денес сме сведоци на забрзување на економскиот раст, забавување на инфлацијата, пад на невработеноста и раст на доходот на граѓаните (за потсетување, во првата половина на 2025 година, на годишна основа е забележан реален раст на просечната плата за 5.8%). Нашиот економски модел води кон целосна трансформација на Македонија и подобрување на животниот стандард за граѓаните. Приоритет и цел е да обезбедиме поквалитетен живот за сите граѓани, иднина и просперитет на Македонија.