ИНФЛАЦИЈАТА ВО МАЈ ПОРАСНА ЗА 3,3% Цените на мало бележат раст од 1,6%

Кај цените највисок раст е забележан кај земјоделските производи и тоа од 4,5% на месечно и од 7,6% на годишно ниво и цените на прехранбените производи кои во мај на месечно ниво пораснале за 4,2%, додека, пак, на годишно ниво нивниот раст е од 5,3%

217

Инфлацијата мерена преку трошоците на живот во мај порасна за 3,3% на годишно ниво и за 1,5% на месечно ниво. Цените на мало, пак, во мај на годишно ниво пораснаа за 1,6% и за 0,2% на месечно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Според овие податоци, на годишно ниво најмногу пораснале трошоците на живот кај рестораните и хотелите кои бележат раст од 7,8% а по нив се храната и безалкохолните пијалаци со раст од 4,9%.






За зголемувањето на инфлацијата во мај 2025 година, во однос на април 2025 година најмногу придонела храната и безалкохолни пијалаци со раст од  4,1 %. Во однос на април намалување на трошоците на животот е забележано кај транспорт за 3,6 %.

Кај цените највисок раст е забележан кај земјоделските производи и тоа од 4,5% на месечно и од 7,6% на годишно ниво и цените на прехранбените производи кои  во мај на месечно ниво пораснале за 4,2%, додека, пак, на годишно ниво нивниот раст е од 5,3%

Цените на индустриските прехранбени производи  во мај пораснале за 4,1% на месечно и 4,5% на годишно ниво.

Пијалаците, алкохолни и безалкохолни, поскапеле за 3,8% на месечно ниво и за 3,4% на годишно ниво.

 

Индекс на цени на мало во мај

Извор: ДЗС

Поврзани содржини