ИНФЛАЦИЈАТА СЕ НАМАЛИ ОД 4,9 НА 4,4% ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ Во времето на СДСМ граѓаните живееја со 150 денари на ден, вели ВМРО-ДПМНЕ

И тоа не се само зборови на претседателот нна ВМРО-ДПМНЕ, како што вели Филипче, туку тоа се официјални статистички податоци, кои покажуваат дека во август месечната стапка на инфлација изнесува 4,4 а во јули изнесувала 4,9 проценти, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ посочувајќи дека СДСМ оставила половина милион граѓани да живеат во економски пустош.

58

Да се грижеше Венко Филипче за животот на граѓаните и инфлацијата, која во време на СДСМ беше двоцифрена и го јадеше стандардот на граѓаните, немаше да остават на раб на преживување над половина милион  граѓани со по 150 денари на ден, посочува ВМРО-ДПМНЕ во пишана рекција на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ Венко Филипче.

„После долги години економски пустош и висока инфлација наследена од владата на СДСМ, конечно, сега во Македонија можеме да зборување за забавување на инфлацијата.






И тоа не се само зборови на претседателот Мицкоски, како што вели Филипче, туку тоа се официјални статистички податоци, кои покажуваат дека во август месечната стапка на инфлација изнесува 4,4 а во јули изнесувала 4,9 проценти.

Ова се првични сигнали дека процесот на дезинфлација и стабилизација на цените е започнат и благодарение на економските мерки и политики преземени од Владата, а и на оние кои ќе се преземаат во иднина, инфлацијата ќе продолжи да се намалува.

Во однос на наводните грижи на Филипче за депониите, го упатуваме да си се обрати во својата партија која на власт дојде, меѓу другото, викајќи ајро, ајро и со ветување за чист воздух.

Додека во изборната програма за парламентарните во 2020 година, неговиот другар Заев и неговата кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Каја Шукова ветуваа решение и итна ремидијација на Вардариште.

Долгите години на власт им поминаа, па сега Шукова од опозиција повторно да бара гласови од граѓаните, лажејќи ги дека има некакво решение за Вардариште и другите проблеми во градот.

Граѓаните добро знаат кој работи за нив и кој им ги решава проблемите, а единственото решение како за Вардариште, така и за другите проблеми, го има и ќе ги реши кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје, Орце Ѓеорѓиевски.

Што се однесува за нелегалното прислушкување и следење на претседателот, Христијан Мицкоски од безбедносните служби под раководство на кадрите на СДСМ, за сите дилеми и прашања кои ги има Филипче нека се обрати до ЈО на, и така нивниот, Љупчо Коцевски“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини