ИНФЛАЦИЈА ОД 4% ВО НОЕМВРИ Цените на мало пораснаа за 3%
Месечната инфлација во ноември се зголеми за 0,5%, а цените на мало се зголемени за 0,6%.
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во ноември изнесува 4%, а индексот на цените на мало бележи раст од 3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според овие податоци за еден месец (октомври -ноември) инфлацијата се зголемила за 0,5%, а на тоа најмногу влијаел растот на трошоците на живот во транспортот од 1,7% потоа рекреација и култура (0,9%), храна и безалкохолни пијалаци од 0,7%, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата (0,5%), ресторани и хотели, здравје за (0,3%), алкохолни пијалаци, тутун и наркотици од 0,2%, комуникации, Облека и обувки и домување, вода, електрика, гас и други горива од 0,1%.
Цените на мало во ноември 2025 година во однос на октомври 2025 година пораснале за 0,6%.
| XI 2025 Ø2024 |
XI 2025 X 2025 |
XI 2025 XI 2024 |
I-XI 2025 Ø2024 |
I-XI 2025 I-XI 2024 |
XI 2025 XII 2024 |
I-XI 2025 XII 2024 |
|
|---|---|---|---|---|---|---|---|
| ВКУПНО | 105.7 | 100.5 | 104.0 | 103.9 | 104.1 | 103.7 | 101.9 |
| Храна и безалкохолни пијалаци | 108.0 | 100.7 | 105.4 | 105.0 | 105.2 | 105.7 | 102.8 |
| Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици | 109.2 | 100.2 | 105.3 | 105.6 | 106.0 | 105.3 | 101.8 |
| Облека и обувки | 104.2 | 100.1 | 102.7 | 103.0 | 103.2 | 102.4 | 101.3 |
| Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива |
102.5 | 100.1 | 101.8 | 101.8 | 101.8 | 101.8 | 101.1 |
| Мебел, покуќнина и редовно одржување во домаќинствата |
106.7 | 100.5 | 105.5 | 104.4 | 104.5 | 105.7 | 103.4 |
| Здравствена заштита | 104.0 | 100.3 | 102.1 | 102.9 | 103.1 | 102.2 | 101.1 |
| Транспорт | 98.1 | 101.7 | 101.1 | 100.5 | 100.7 | 96.6 | 98.9 |
| Комуникации | 102.9 | 100.1 | 101.8 | 101.1 | 101.2 | 102.2 | 100.5 |
| Рекреација и култура | 108.9 | 100.9 | 107.2 | 106.1 | 106.4 | 105.4 | 102.8 |
| Образование | 99.9 | 100.0 | 99.7 | 100.1 | 100.1 | 99.7 | 99.9 |
| Ресторани и хотели | 108.7 | 100.3 | 104.6 | 107.0 | 107.4 | 104.3 | 102.6 |
| Разновидни стоки и услуги | 104.5 | 100.0 | 103.2 | 103.6 | 103.8 | 103.1 | 102.2 |