Индија има популација од 1,3 милијарди и 1.000 починати од ковид-19. Како?
Ова значи дека просечно умираат 0,75 луѓе на милиони жители. Ако се спореди ова со САД, таму умираат повеќе од 175 луѓе на милион жители.
„Црно сценарио“ и се предвидуваше на Индија на почетокот на пандемијата на коронавирусот поради големиот број на жители и лошиот систем на здравствена заштита, но втората најнаселена земја во светот (повеќе од 1,3 милијарди луѓе) досега го избегна најлошото. Во недела во земјата ќе биде укинат карантинот кој траеше 40 дена, па „CNN“ темелно анализираше дали нивниот пристап давал резултати.
Покрај тоа, бројките воопшто не се лоши. Досега се пријавени повеќе од 30.000 случаи позитивни на коронавирусот и 1.008 смртни случаи. Ова значи дека просечно умираат 0,75 луѓе на милиони жители. Ако се спореди ова со САД, таму умираат повеќе од 175 луѓе на милион жители.
Според многу експерти овие бројки се засулуга на раното воведување на карантин низ целата земја. За ова неодамна зборуваше и премиерот на Индија, Нарендра Мори.
– Индија не чекаше проблемот да ескалира. Наместо тоа, штом се појави проблемот, се обидовме да го запреме со брзи одлуки. Не можам да замислам каква би била ситуацијата ако не го сторивме тоа сега – рече Мори, кога го продолжи карантинот до 3 мај.
Сепак, некои предупредуваат дека е рано за Индија да добие честитки за ваквата одлука.
– Се чини дека вирусот не ја направи штетата во оваа рунда како што се плашевме. Но, не можеме да кажеме дека ја затворивме книгата за ова прашање – забележува Сринат Реди, претседател на „Public Health Foundation“, непрофитна организација за јавно здравје.
Како изгледаа одлуките?
На 24 март премиерот Моди објави дека државата оди во тринеделен карантин. Нешто што никогаш не е видено во земја со 1,3 милијарди луѓе. За споредба, најнаселената земја во светот, Кина, никогаш не прогласи државен карантин, туку затвори градови каде што имаше најголем број на заболени.
Тоа не беше лесна одлука, доколку се знае дека милиони луѓе нема да можат да одат на работа и затоа ќе останат без приходи. Но, без карантин, здравствениот систем во Индија ќе беше совладан. Според еден модел, повеќе од 150 милиони луѓе би биле заразени во Индија до јули.
Карантин беше прогласен на целата територија, кога имаше 519 заболени од ковид-19 во земјата. За споредба, Италија го стори истото кога бројот на заразени лица беше 9.200, а Велика Британија беше ставена под карантин со 6.700 случаи на заболени со коронавирусот.
Раманан Лакминарајан, директор на Центарот за динамика на болести, економија и процедури, рече дека воведувањето раниот карантин веројатно ја спаси Индија од „црно сценарио“.
Дури и пред воведувањето на карантин, Индија донесе други важни одлуки. На 11 март беа прекинати туристичките визи и беше објавено дека сите што пристигнуваат во земјата од најголемите жаришта во светот мора да се изолираат 14 дена. На 22 март, два дена пред воведувањето на карантинот, сите меѓународни летови беа забранети.
Што ако бројките не се точни?
Во Индија досега биле тестирани повеќе од 625.000 луѓе, велат од нивното Министерство за здравство, бројка која е повисока од јужнокорејскиот пристап на тестирања кој беше пофален од сите.
Според Мајк Рајан, директор на програмата на Светската здравствена организација (СЗО) за здравствени вонредни состојби, добар резултат е ако имате 10 негативни случаи во една позитивен.
Околу 4% од тестираните во Индија се позитивни на коронавирусот, според нивното министерство за здравство, што е дури и пониска стапка од оние заразени кој споредуваше Мајк Рајан. Овој процент е исто така многу помал отколку во САД каде 17 проценти од тестираните се позитивни на ковид-19 и во Велика Британија каде од тестираните 21 процент се позитивни.
Друг корисен процент што кажува многу за контролирањето на пандемија во одредена земја е процентот на смртни случаи. Околу 3 проценти од луѓето починале во Индија од коронавирусот, додека во Италија, Велика Британија и Франција, овој процент е околу 13 проценти. Ова значи дека Индија исто така ги тестира луѓето кои немаат сериозни симптоми.
Сепак, бројот на луѓе тестирани во Индија на 100.000 жители е многу мал. Тестирани се само 48 лица на 100.000 население, додека во Јужна Кореја бројот е 1.175 лица и во САД е 1.740 тестирани.
Дали повеќе луѓе умираат отколку што е познато?
Дури и пред пандемијата, само 22 проценти од смртните случаи во Индија биле медицински потврдени. Ова значи дека во повеќето случаи причината за смртта не ја утврдува лекарот.
Постојат некои знаци на поголема смртност. Лекар од болница во Мумбаи изјави дека мртвите тела честопати биле донесени во болницата без да бидат тестирани за коронавирусот, дури и ако се претпоставува дека тој е причина за смртта.
И покрај недостатокот на тестирање, експертите во земјата велат дека бројот на починати од коронавирусот во Индија не е голем затоа што болниците не се преполни, како и мртовечниците.
Сепак, се забележува и дека вистинскиот број ќе биде познат подоцна, кога статистиката од оваа година може да се спореди со статистиката од претходните години.
Кога коронавирусот пристигна во Индија?
Првиот случај беше пријавен во Индија на 30 јануари, а стануваше збор за студент кој студирал во Вухан, кинескиот град од каде започна вирусот. Во тоа време, првите случаи беа пријавени и во Велика Британија, Франција и Италија, а секоја од овие земји сега има повеќе од 100.000 случаи.
Дали 40 дневниот карантин ќе биде доволен?
Постојат различни мислења за тоа што ќе се случи на 3 мај, кога Индија ќе го укине карантинот. Некои сметаат дека главната работа е завршена, додека други сметаат дека бројките ќе се зголемат.
– Мислам дека бројот на заразени ќе се зголеми веднаш штом ќе биде укинат карантинот. Индија успешно ја „паузираше“ земјата, но проблемот е што не можеме да бидеме на „пауза“ цело време“ – рече Оммен Куријан, еден од водачите на огранизацијата „Observer Research Foundation“, која се занимава со истражување и проценка во Индија.
Експертите велат дека социјалното растојание е клучно, иако некои држави во Индија можеби ќе можат да ги релаксираат мерките со помалку случаи. Најпопуларната провинција во Индија со над 200 милиони луѓе, Утар Прадеш, забрани јавни собири до јуни.
Карантинскиот модел за стари лица и дозволува слободно движење на младите луѓе во Индија нема да фукционира, бидејќи 44 проценти од населението е на возраст од 24 години или помалку. Во Кина, бројката е 29 проценти, а во Италија 23 проценти. Сепак, многу од овие 44 проценти живеат со нивните родители, па затоа е тешко да се избегне ширење на коронавирус во таков случај.
– Постарата генерација во Индија е затоа многу ранлива, затоа што можат да бидат заразени од луѓе кои имаат лесни или никакви симптоми, статистички гледано – рече Ронојој Аџикари, математичар од Кембриџ кој го направи моделот на заразени и починати во земјата, заснован врз рестриктивните мерки.
Сите се согласуваат дека коронавирусот, како и во целиот свет, нема да исчезне со пронаоѓање на вакцината и дека Индија треба да се подготви за подолга битка.