ИНДИЈА И РУСИЈА ИМААТ ПОСЕБНИ И ДОВЕРЛИВИ ВРСКИ Моди и Путин одржаа средба на самитот во Кина
Овие односи се апсолутно непартиски по природа, тие се поддржани од огромното мнозинство луѓе во двете земји, рече претседателот на Русија, Владимир Путин.
Премиерот на Индија, Нарендра Моди и претседателот на Русија, Владимир Путин, Моди разговараа за регионалната стабилност, билатералната трговија и за енергетската соработка меѓу двете земји на денешната средба што се одржа за време на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС).
Моди партнерството со Москва го оцени како „посебно и привилегирано“.
Путин наведе дека врските на Русија со Индија се „посебни, пријателски и доверливи“.
– Русија и Индија одржуваат посебни односи со децении. Пријателски, доверливи. Ова е основата за развој на нашите односи во иднина. Овие односи се апсолутно непартиски по природа, тие се поддржани од огромното мнозинство луѓе во двете земји – истакна Путин.
Средбата Моди-Путин е значајна бидејќи уследи неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе дополнителни царини од 25 проценти за увоз на бакар од Индија, зголемувајќи ги вкупните царини на дури 50 проценти, како одговор на континуираното купување руска нафта од страна на Индија по намалени цени.
Моди на состанокот на ШОС ги поздрави мировните иницијативи за запирање на војната на Русија против Украина.
– За да се стави крај на конфликтот што е можно поскоро и да се воспостави траен мир, мора да најдеме начин. Ова е повикот на целото човештво – истакна Моди.
Русија одржува силни врски со Индија уште од Студената војна, а важноста на Њу Делхи како клучен трговски партнер порасна по војната на Москва против Украина