ИНЦИДЕНТ ВО БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“ Приведени две лица поради напад на обезбедувањето
Инцидентот се случил во среда попладне во скопската болница „8 Септември“, двајца мажи приведени поради агресивно однесување и физички напад на обезбедувањето.
Двајца мажи од Скопје, на возраст од 44 и 50 години, се уапсени откако во средата попладне предизвикале инцидент и физички напад во скопската болница „8 Септември“, информираат од МВР.
Како што соопшти полицијата, вчера во 14.10 часот, по претходна пријава за нарушување на јавниот ред и мир, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода У.П. (44) и А.Б. (50), двајцата од Скопје.
„Според пријавата, во Градската општа болница ‘8 Септември’ тие агресивно се однесувале кон вработените, а лицето А.Б. физички го нападнало И.И. (33) од селото Грчец, кој бил ангажиран како обезбедување во установата“, информираат од полицијата.
По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци против двете лица.