ИНЦИДЕНТ НА ПУНКТОТ ЗА СЛИКАЊЕ ЗА ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ „ПРОЛЕТ“ 50-годишен скопјанец ги нападнал полициските службеници
Агресивниот скопјанец наместо лична карта ќе добие пријава за напад на службено лице.
50-годишен скопјанец е приведен поради инцидент што го предизвикал вчера околу пладне на пунктот за сликање за лични документи во полициската станица „Пролет“ во Скопје. Човекот ги нападнал полициските службеници што биле на должност.
„На 19.06.2024 во 12.30 часот во пунктот за сликање за лични документи „Пролет” во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Е.Ш.(50) од Скопје затоа што го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувалe службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“ – стои во известувањето од МВР.