ИНЦИДЕНТ НА ПОГРЕБОТ НА МАГДАЛЕНА ВО ВЕЛЕС Жена беше удрена од комбе со струмички таблички, полицијата го фати
Жена беше удрена од комби со струмички таблички за време на погребот на 11-годишната Магдалена на гробиштата Свети Спас во Велес попладнево, репортира ТВ24. Комбито побегнало, но полицијата брзо успеала да го фати.
Магдалена почина во саботата откако беше прегазена на улицата Борис Трајковски, додека нејзината мајка е тешко повредена. На велешанецот Ангелче Николов му беше одреден 30-дневен притвор за случајот од страна на судот. На Николов ќе му се суди за сообраќајката, но и за тоа што пробал да побегне.