ИНЦИДЕНТ НА БЕОВИЗИЈА Аца Лукас и Бајага во жестока расправија поради политика
Причината за кавгата и дофрлањата помеѓу музичарите била спротивставените политички ставови.
Во Србија синоќа се одржа првата полуфинална вечер од нивниот избор за претставник за Евровизија 2022.
Меѓутоа, пред самиот почеток на фестивалот, во ВИП просторијата зад сцената дошло до мошне непријатна ситуација.
Музичарите Момчило Бајагиќ Бајага и Аца Лукас имале расправија, пишуваат српските медиуми. А, причината за кавгата и дофрлањата била спротивставените политички ставови. Тие размениле пцовки и навреди, а како што рекол Лукас, Бајага бил тој којшто го испроворицал, на што фолкерот му вратил во свој стил.
Бајага му дофрлил на Лукас, а тој веднаш возвратил, пишуваа српските медиуми.
Бајага, пак, пред насобраните новинари негирал дека дошло до расправија.
Инаку Аца Лукас се натпреварува на овој фестивал како изведувач, додека пак Бајага ги напишал текстовите за Душан Свилар и Бибер кои се натпреваруваат.