ИНЦИДЕНТ И НАВРЕДИ НА ЧЕСТВУВАЊЕТО НА 11 ОКТОМВРИ На Заев не му е местото на „Могила на непобедените“, порача Левица, тој возврати дека местото им е во соодветна установа
Акивистите на Левица реагирале и при интонирањето на државната химна бидејќи била најавена како химна на Република Северна Македонија. Според нив, химната е на Република Македонија.
На чествувањето на 80 години од народното востание на меморијалниот комплекс „Могила на непобедените“ активистите на Левица освен што ги попречија државните делегации да положат цвеќе, паднале и навреди меѓу активистите и премиерот Зоран Заев, јавува 24 вести.
Активисти на Левица му порачаа на премиерот дека „не му е местото тука“. Премиерот одговори дека тој што му го кажал тоа местото му е во соодветна установа.
Акивистите на Левица реагирале и при интонирањето на државната химна бидејќи била најавена како химна на Република Северна Македонија. Според нив, химната е на Република Македонија.