In Memoriam Ѓорѓе Балашевиќ
Всушност, лекцијата која нашата повоена генерација ја научи тогаш беше дека мора да има демократска контрола врз власта оти неконтролирана власт може лесно да го одведе народот во пеколот на етничките војни.
Ѓорѓе Блашевиќ се декларираше како Југословен. Како поинаку кога е дете на татко Србин и на мајка половина Унгарка а половина Хрватица.
Авторот на песни посветени на Тито како „Рачунајте на нас“, длабоко ќе се разочара од насилството кое го предизвикаа етничките национализми и ќе изјави: „Југославија не беше добра, да беше добра немаше да се распадне така крваво“.
Всушност, лекцијата која нашата повоена генерација ја научи тогаш беше дека мора да има демократска контрола врз власта оти неконтролирана власт може лесно да го одведе народот во пеколот на етничките војни.
Така, во тие страшни години на распад тој преку своите стихови и песни пружа отпор на српскиот национализам на Слободан Милошевиќ како и на другите национализми во некогашната федерација.
Дека таа борба за демократија и за слобода не престанува никогаш, се виде кога дваесет и шест години по крвавите деведесетти, во 2017 е забранета песната на Балашевиќ „Дно дна“ во кој тој упатува критика на новите проблеми со демократијата во својата земја.„Не можам да гледам некакви кретени кои се кријат позади некои пози, некои Собранија…и да останам на тоа ’молчи и пушти ги’.
„Мислењето е најголемата слобода во овој момент (а) стравот не донесе таму каде сме“, ќе изјави Блашевиќ коментирајќи ја забараната на својата песна.