ИМОТОТ ЌЕ СЕ КОНФИСКУВА ВО ГРАЃАНСКА ПОСТАПКА Законот ќе важи за сите граѓани

Ова особено важи за луѓе за кои велат ќе лежам во затвор и кога ќе излезам имотот ќе ми остане, со овој закон истиот во граѓанска брза постапка овој имот ќе биде конфискуван, а постапката ќе ја води Управата за финансиска полиција, за да нема формирање нови институции, вели вицепремиерот Николовски.

233

Драфт верзијата на законот за потекло на имот е готова, специјализирано одделение во Управата за финансиска полиција ќе ја врши проверката на незаконски стекнатиот имот, ова вечерва го изјави вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски, во интервју во дневникот на телевизија Сител.

Николовски изјави дака законот ќе се однесува за сите граѓани со што се елиминираат слабостите на кривичните постапки.






– Ова особено важи за луѓе за кои велат ќе лежам во затвор и кога ќе излезам имотот ќе ми остане, со овој закон истиот во граѓанска брза постапка овој имот ќе биде конфискуван, а постапката ќе ја води Управата за финансиска полиција, за да нема формирање нови институции. Граѓаните треба да докажат каде има разлика од 30.000 евра непријавени или неоданочени. Постапките ќе ги застапува државното правобранителство бидејќи тоа е имот на државата и тој имот треба да се врати на граѓаните. Ќе можат да пријавуваат и граѓаните затоа ќе ги јакнеме капацитетите на финансиската полиција, затоа нема да има потреба од кривична пресуда туку во брза граѓанска процедура се конфискува имотот – рече вицепремиерот Николовски.

 

Поврзани содржини