ИМЛЕК ПРОТЕИН ДЕЛ ОД ТРКАТА „ОХРИД ТРЧАТ“ Здравиот напиток им даде енергија на 1930 учесници

Имлек Протеин снабдува со 30 грама 100% чист млечен протеин која е всушност и дневна препорачана доза за еден возрасен човек. Не содржи додаден шеќер или лактоза, а процентот на млечни масти изнесува само 0,1%. Овој протеински напиток, препорачан и од нутриционистите, е достапен како шејк во три различни вкуса, чоколадо, ванила и јагода и како пудинг во две варијанти, чоколадо и ванила.

56

Брендот Имлек протеин беше дел на уште еден спортски настан, „Охрид трчат“ и со тоа овозможи 1930 учесници на најпознатата охридска трка да постигнат уште подобри резултати надополнувајќи ја нивната енергија со протеински шејкови и пудинзи.

Брендот Имлек протеин ја дава поддршката и помошта за одржување спортски настани, токму заради поврзаноста на протеините и физичката активност, како и нивната функција во нашето тело. Протеините имаат клучна улога во градење и регенерирање на ткивата и мускулите, посебно по интензивна физичка активност кога внесувањето протеини помага за градење здрава и квалитетна мускулна маса. Нивното редовно и оптимално внесување е важно затоа што, за разлика од мастите и јаглехидратите, телото не чува резерви протеини кои би се користеле во случај кога има дополнителна потреба од нив.






На 7 издание на „Охрид трчат“ оваа година се натпреваруваа рекордни 1930 учесници од 28 држави, спортисти, рекреативци и ентузијасти кои трчаа на 5 км, полумаратон на 21 км, а имаше и штафетна трка како и екипни, тим билдинг трки.

– Сите имаа можност да се уверат во моќта на Имлек протеин во регенерација на мускулите, затоа што доза од само 300мл Имлек протеин снабдува со 30 грама 100% чист млечен протеин која е всушност и дневна препорачана доза за еден возрасен човек. Не содржи додаден шеќер или лактоза, а процентот на млечни масти изнесува само 0,1% – велат од компанијата.

Овој протеински напиток, препорачан и од нутриционистите, е достапен како шејк во три различни вкуса, чоколадо, ванила и јагода и како пудинг во две варијанти, чоколадо и ванила.

Токму поради ваквата хранлива вредност и состав, Имлек протеин беше омилениот пијалак и на останатите трки каде беше присутен и ја даде својата поддршка, на „Скопје трча“ и на „Охрид ултра-треил“. До крај на година продолжуваме со поддршката и најавуваме забава за сите спортисти, ентузијасти и рекреативци подготвени за освојување нови предизвици, се вели во соопштението од Имлек.

Поврзани содржини