Именуван министер за „осаменост“ за да се справи со зголемениот број на самоубиства

20.000 луѓе извршиле самоубиство во 2020 година

481

Владата на Јапонија му даде задача на министерот Тетуши Сакамото да ги следи напорите во справувањето со прашањето за осаменост и изолираност во општеството меѓу сограѓаните, што е поврзано со зголемениот број самоубиства во оваа земја.

Премиерот на Јапонија, Јошихиде Суга, најави дека Сакамото ќе ја надгледува работата околу прашањето за осаменост и изолираност.






Сакамото веќе работи на регионална ревитализација и опаѓање на наталитетот во Јапонија.

– Жените страдаат од изолираност повеќе од мажите, а забележлив е трендот на зголемување на стапката на самоубиства. Се надевам дека ќе ги идентификувате проблемите и сеопфатно ќе ги промовирате мерките за политика – му рече премиерот на Јапонија на Сакамото, за време на состанокот на кој беа објавени новите должности на министерот.

Сакамото на прес-конференција во Токио рече дека сака да ја искористи позицијата за да спречи социјална изолираност и осаменост и да ги заштити односите меѓу луѓето.

Тој истакна дека пандемијата со ковид-19 ја намалува можноста за контакт меѓу луѓето, што доведе до сериозен социјален проблем.

20.000 луѓе извршиле самоубиство во 2020 година

Министерот ќе ја координира работата со голем број агенции за решавање на прашања како што се превенција од самоубиство, грижа за стари лица и решавање на детската сиромаштија, со цел да се создаде сеопфатна стратегија за решавање на овие прашања.

Стапката на самоубиства се намали во Јапонија во последните 10 години, но се зголеми во текот на 2020 година.

Според првичните податоци на јапонското Министерство за здравство, 20.919 лица извршиле самоубиство во текот на минатата година, што е за 3,7 проценти повеќе отколку во 2019 година.

Јапонија не е првата земја што назначи министер за прашања за осаменост.

Во 2018 година, Велика Британија ја смени функцијата министер за спорт и граѓанско општество во позиција на министер за спорт, граѓанско општество и осаменост.

Поврзани содржини