🎥 „ИМАТЕ ПОПАМЕТНИ РАБОТИ ДА ЧИТАТЕ И ДА ГЛЕДАТЕ“ Погледнете како Вучиќ самиот го одјави своето интервју на РТС
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во емисијата „Око“ на РТС на 10 јуни, се однесуваше арогантно и покажа непочитување кон јавниот сервис и кон водителката Ана Телесковиќ.
Тој ја обвини водителката дека му поставува “блокадерски прашања”, а таа го опомена дека ова не е прес-конференција туку интервју.
Додека провладините медиуми во Србија оценуваат дека Вучиќ и одржал лекција на водителката, опозициските медиуми го обвинија за некултура и забележаа дека во голем дел од интервјуто се обраќа директно кон камерата.
На крајот Вучиќ самиот ја “одјави” емисијата. Погледнете како: