📽️ ИМАТЕ ЛИ ПОРАКА ЗА ТРАМП? МИР, МИР Мадуро изненади со изјавата на митинг во Каракас

Народот треба да се обедини за мир во Северна и во Јужна Америка. Крај на бескрајните војни. Крај на Либија, крај на Авганистан, изјави шефот на Венецуела. На прашањето дал има порака за американскиот колега вели „Да, мир, да, мир“.

225

„Да, мир, да, мир“.

Вака одговори претседателот на Венецуела на прашањето дали има порака за американскиот претседател Доналд Трамп, Мадуро, јавува Си-Ен-Ен.






Мадуро пред новинарите среде митинг во Каракас изјави и дека народот на Соединетите Американски Држави треба да се обедини со Венецуела за мир во Америка, изјави венецуелскиот претседател Николас Мадуро за новинарот Стефано Поцебон од Си-Ен-Ен на митинг во Каракас.

– Народот треба да се обедини за мир во Северна и во Јужна Америка. Крај на бескрајните војни. Крај на Либија, крај на Авганистан – изјави Мадуро.

Неговите забелешки доаѓаат во услови на зголемени тензии со САД, кои распоредија воени бродови во Карибите за да ги таргетираат бродовите што ги сметаат за дел од трговија со дрога. Иако Вашингтон тврди дека оваа операција е дел од борбата против наркотиците, Каракас смета дека зад неа стои обид за промена на режимот, јави Си-Ен-Ен.

 

Додека САД ја објавија операцијата „Јужно копје“, Венецуела врши воени маневри и чека на готовс со 200.000 војници од другата стрнаа на Карибите.

Мадуро на митингот нагласи дека неговата влада е фокусирана на управување со земјата преку дијалог и мирни решенија, наместо конфронтација со САД.

Од друга страна, порака за Трамп стигна и од колумбискиот претседател Густаво Петро.

Петро остро ги осуди американските напади врз бродови во Карипското Море. Во интервју за Ен-Би-Си Њуз, Петро не ги штедеше зборовите кога го критикуваше американскиот лидер Доналд Трамп.

– Тој е варварин. Тој сака да нè исплаши – рече Петро.

Колумбискиот претседаател не ја исклучи можноста дека некои од нападнатите бродови биле поврзани со наркокартели, но додаде дека цивилите не смеат да бидат жртви на воени операции.

– Можеби, можеби не. Не знаеме. Но, според законите, тие луѓе треба да бидат запленети и приведени, не убиени – истакна Петро.

Тој опиша дека меѓу жртвите има „сиромашни веслачи на кајчиња“, кои често се користат од картелите како курири.

– Кога ракетата ќе удри, ги убива тие веслачи. Не го убива дилерот на дрога – рече Петро.

Поврзани содржини