ИМАТЕ ГРЕШКА, ПУТИН НЕ ГО ОДБИ ПЛАНОТ „Нешто прифативме, нешто не прифативме“

Портпаролот на Кремљ нагласи дека дел од ставките во документот биле прифатени, додека други останале неприфатливи, пренесе Риа Новости. Разговорите беа само прва размена на мислења, додаде тој.

131

Неточно би било да се каже дека рускиот претседател Владимир Путин го одбил американскиот мировен план за Украина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во своето прво обраќање по средбата на руската и американска делегација во Москва во вторникот.

Тој нагласи дека дел од ставките во документот биле прифатени, додека други останале неприфатливи, пренесе Риа Новости. Разговорите беа само прва размена на мислења, додаде тој.






– Тоа е нормален работен процес.

Портпаролот на Кремљ рече дека Москва очекува и американската страна да се придржува кон принципот на „тишина“ во текот на преговорите за решението на конфликтот во Украина.

Притоа, Песков потврди дека постои можност за телефонски разговор меѓу Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, кој може да биде организиран „во секој момент“, во зависност од потребата.

Претходно, советникот на Путин, Јуриј Ушаков, истакна дека разговорот меѓу рускиот лидер и американскиот специјален пратеник Стив Виткоф бил „корисен, конструктивен и значаен“. Според него, средбата траела 5 часа, при што биле разгледани неколку опции за прекин на војната во Украина.

 

Поврзани содржини