ИМАШЕ ХЕМИЈА МЕЃУ БЕЛГРАД И ПРИШТИНА Хил вели дека Србите преговарале во позитивен дух

Тој нагласи дека е јасно дека САД и ЕУ тесно соработуваат и дека има заедничко разбирање за прашањата, како и добра „хемија“. Ова, смета тој, ќе помогне да се постигне напредок.

515

Амбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил, оцени дека, иако многумина се разочарани што вчера во Брисел немаше напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина, сепак резултатот од тие разговори е позитивен, пренесува Н1.

– Имаше многу дискусии, средби, преговори. Очигледно сите се разочарани што не можевме да ги решиме краткорочните и долгорочните прашања, но мислам дека тие разговори резултираа со позитивен развој – рече Хил во видео пораката.






Тој нагласи дека е јасно дека САД и ЕУ тесно соработуваат и дека има заедничко разбирање за прашањата, како и добра „хемија“. Ова, смета тој, ќе помогне да се постигне напредок.

– Јасно е дека српската страна на разговорите дојде во позитивен дух. Работеа многу на тоа прашање, се подготвија да разговараат и да преговараат, за да постигнат напредок – изјави Хил.

Дека разговорите биле добри, па дури најдобри до сега оценува и косовскиот аналитичар и известувач на медиумите на групацијата „Коха“ од Брисел, Аугустин Паљокај вели дека во Европската Унија вчерашната средба меѓу косовскиот премиер Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ се оценува како најдобра средба што двете преговарачки страни ја оствариле досега.

Во јавување во денешните вести на ТВ Коха, Паљокај рече дека, и покрај тоа што на средбата имало повеќе несогласувања одошто согласувања меѓу страните, и Курти и Вучиќ сфатиле дека треба да работат заедно за да постигнат конкретни резултати.

– Она што се кажа од ЕУ е дека средбата била многу тешка…, но извор од ЕУ рече дека никогаш порано немало подобра средба меѓу Курти и Вучиќ, бидејќи првпат ги изразиле нивните гледишта за тоа како го гледаат нормализирањето на односите меѓу двете земји. Иако не е постигнат некој конкретен резултат, се вели дека самиот факт дека треба да работат заедно за да ги намалат тензиите се смета за добра вест за ЕУ и меѓународната заедница – рече Паљокај.

Тој додаде дека во текот на минатата ноќ специјалните посредници на ЕУ и САД за дијалогот, Мирослав Лајчак и Габриел Ескобар, разговарале со српскиот претседател, Вучиќ за нова средба, а Лајчак и други претставници на ЕУ имале средба и со косовскиот премиер, Курти.

– Не се шпеклулации, кажано е од официјални лица на ЕУ дека контактите продолжуваат… Впечатокот е дека страните треба да се воздржуваат од изјави, затоа и немавме изјави од никого. Сепак, г. Вучиќ пушта изјави преку социјалните мрежи или преку српските официјални лица и ова не е прв пат Србија да прави драми, но од тоа не може да се прочита многу – вели дописникот на „Коха“.

Според него, во четвртокот првпат се слушна од претставниците на ЕУ дека е дојдено време да започнат дискусиите за сеопфатен договор.

– Ова од причина дека разбираат оти многу од проблемите кои се појавуваат на терен се резултат на недоразбирањата околу прашањето на нормализирање на односите – рече Паљокај.

Поврзани содржини