ИМАМЕ СВЕТСКА КАДЕТСКА ШАМПИОНКА ВО ТЕКВОНДО Ведрана Тунески во Тирана ја совлада Вирџинија Ламптис
Да потсетиме Ведрана Тунески е бронзен медалист од Европско пионерско првенство. Денеска во Албанија во финале успеа да ја совлада најдобрата таеквондистка на планетата во нејзината категорија. Подвиг кој мора да остане забележан со внимание“, напиша на социјалните мрежи градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски.
„ВЕДРАНА ЈА ПОБЕДИ АКТУЕЛНАТА СВЕТСКА КАДЕТСКА ШАМПИОНКА ВИРЏИНИЈА ЛАМПТИС ОД ИТАЛИЈА! Злато за Ведрана Тунески на Е2 Тирана Опен Кадети -41кг, Ведрана е репрезентативка и член на ТКД Бутел. Четири фуриозни победи на Е2 најсилно рангиран младински таеквондо турнир во светското младинско олимписко таеквондо“.
Вака на социјалните мрежи објави Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.
Ведрана претходно ги победи:
1. Јовиќиќ Милјана, Црна Гора
2. Парисела Аурора, Италија
3. Гомез Дијаз, Шпанија
3. Вирџинија Ламптис, Италија
„Да потсетиме Ведрана Тунески е бронзен медалист од Европско пионерско првенство. Денеска во Албанија во финале успеа да ја совлада најдобрата таеквондистка на планетата во нејзината категорија. Подвиг кој мора да остане забележан со внимание“, се вели во објавата на Костовски.
„Таеквондо Бутел е лабораторија за создавање на релевантен врвен спорт, доаѓаат нови генерации кои ќе го задржат македонското олимписко таеквондо во сјајот на најголемите светски спортски одличја, олимписка норма и олимписки медал!“, објави градоначалникот на Бутел.