ИМАМЕ СЕРИОЗНА И ИЗДРЖАНА ПРОГРАМА, ПОБЕДАТА Е ГАРАНТИРАНА Димитриевски на маалска средба најавува промени

Ние сме концепт на граѓаните, од граѓаните и за граѓаните. За мое, за твое и За наше Куманово, рече Димитриевски.

315

Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски на вчерашната маалска средба на паркингот пред ТППЕ Куманово (Пожарнa) порача дека од Куманово секогаш тргнувале големите промени.

– Тоа се гледа овде на оваа граѓанска средба, во моето маало, се чувствува енергијата на победничкиот тим За наше Куманово. На 17-ти октомври ќе ја донесеме победата на Куманово и кумановци, затоа што
нашиот концепт се базира на идеологија и на сериозна програма која е издржана. За наше Куманово е новата политичка енергија на слободни граѓани! Ние сме концепт на граѓаните, од граѓаните и за граѓаните. За мое, за твое и За наше Куманово! – рече Димитриевски.

Поврзани содржини