ИМАМЕ НОВ КАНДИДАТ ЗА ТЕОРИЈА НА СЀ Храбра теза се обидува да ги спои Ајнштајн и квантната механика
Добрата вест е дека оваа теорија може да се тестира, за разлика од претходните две. Во неа се замислува дека целата енергија во универзумот вибрира, односно флуктуира. Овие флуктуациии ако ги има, можат да се измерат. Теоријата предвидува дека тие се „случајни и насилни“ и во спротивно, ако не бидат измерени во тестирањата, теоријата пропаѓа.
Има надеж за науката! Пет години беа потребни за да се створи нова теорија која ќе ги обедини нештата кои на научниците им изгледаат едноставно неспојливи. Пет години за да се обединат Теоријата на релативноста на Ајнштајн и квантната механика – кои пак се познати како теории уште пред цел век, пишува ИФЛ Наука.
Новата „теорија на сѐ“ е различна од досегашните кандидати, а тоа беа Теоријата на струни и Квантните јамки. Овојпат теоријата се нарекува „постквантна теорија на класичната гравитација“. Името не е баш привлечно, но…
Добрата вест е дека оваа теорија може да се тестира, за разлика од претходните две. Во неа се замислува дека целата енергија во универзумот вибрира, односно флуктуира. Овие флуктуациии ако ги има, можат да се измерат. Теоријата предвидува дека тие се „случајни и насилни“ и во спротивно, ако не бидат измерени во тестирањата, теоријата пропаѓа.
Флуктуациите би се зголемувале како што време-просторот станува помал и влегува во зоната на квантната механика, што значи би станале непредвидливи, рандомизирани, исто како квантните честички за кои не можеме точно да знаеме каде се, туку во секој момент постои веројатност дека се барем на две или повеќе локации. Пресметувањето на оваа веројатност им направило многу главоболки на физичарите.
Всушност, и двете претходни „теории на сѐ“ имаа сличен концепт, но тие тргнуваа од обратната страна – дека самиот време-простор треба да се квантизира…затоа беа смислувани цели модели со струни(ластичиња) кои вибрираат или квантни јамки – како замена за атомите од кои е составен време-просторот.
Она што е интересно кај новиот, трет, концепт е дека овие флуктуации, кои се многу дискретни, ако ги има, се процес преку кој настануваат сите можни атоми и анти-атоми во универзумот.
– И во квантната гравитација и во класичната гравитација, простор-времето мора да претрпува насилни и случајни флуктуации насекаде околу нас, но во размер којшто сè уште не сме го откриле. Но, ако простор-времето е класичен, флуктуациите треба да бидат поголеми од одредена скала, а оваа скала може да се одреди со друг експеримент каде што тестираме колку долго можеме да контолираме еден тежок атом да има веројатност да биде на две различни локации- објасни коавторот на студијата Зак Велер-Дејвис.
Тестирањето на ова не е нешто што можеме да го направиме утре, но нема да ни требаат ни неколку животи. Изводливо е.
Некои истражувачи проценуваат дека теоријата може да се тестира во рок од две децении. И добро, затоа што постои облог помеѓу професорот Опенхајм, професорот Карло Ровели и д-р Џеф Пенингтон, последните двајца поборници на Теоријата на струни и на Квантните јамки. Тие се обложуваат 5.000 спрема 1 дека простор-времето е квантизирано. А да не е обратно?
Главниот труд кој ја презентира новата, трета теорија, е објавен во Physical Review X.