Имаме најпитка вода во Европа, ама 60 отсто ја губиме? (ИНФОГРАФИК)
Полевањето на приватни дворови, фонтани, кражбите на вода од разни диви или легализирани објекти, немањето на доволни инспекции и контрола на јавниот Водовод се само дел од причините зошто нема вода. На дивите приклучоци не им се знае бројот. Но, вреди да се спомене и дека голем дел од водоводна мрежа е дотраена, па водата може да протече низ пукнатините.
Дури 61,9 отсто од водата за пиење се губи во водоводната мрежа на Македонија, а тоа е причина зошто граѓаните снемуваат вода во најжешките месеци, вели истражување на Мета. Освен што Македонија е прва во ЕУ по тоа што не ги пречистува отпадните води, земјата е прва и по тоа што не знае да ја заштити својата питка вода од злоупотреби.
Погледнете го инфографикот кој го подготвија од Метаморфозис:
Полевањето на приватни дворови, фонтани, кражбите на вода од разни диви или легализирани објекти, немањето на доволни инспекции и контрола на јавниот Водовод се само дел од причините зошто нема вода. На дивите приклучоци не им се знае бројот. Но, вреди да се спомене и дека голем дел од водоводна мрежа е дотраена, па водата може да протече низ пукнатините.
Штом започнаа високите температури во летниов период, во Општина Дебар започнаа рестрикциите на вода за пиење, при што оваа локална самоуправа со години наназад има најголем процент на неприходувана вода во земјава. Рестрикции на вода за пиење изминативе недели имаше или и понатаму има и во Градско, додека во Скопскиот регион во изминатиов период од периодичен недостиг од вода за пиење се жалеа граѓани од Љубанци и Сопиште.
Воедно, од скопското Јавно претпријатие денеска известија дека реализирале акција за откривање на диви приклучоци на водоводната мрежа, при што биле отстранети диви приклучоци во Долна Матка, Крушопек и Сарај и се покренати прекршочни постапки за сторено кривично дело.
Иако Македонија е шампион, веднаш до нас е и соседна Бугарија, која губи 60 отсто од водите, потоа следат Романија и Ирска, а од балканските земји Хрватска губи 40 отсто питка вода, а Словенија околу 30. Просекот за Централна Европа е негде околу 20 отсто. Најмал процент на нефактурирана вода имала Германија, која во 2017 година имала вкалкулирани загуби од само 5,3 отсто, а и таа како Данска во изминатата деценија изгубила само 10 отсто од својата питка вода.