„ИМАМЕ АЛТЕРНАТИВНИ РЕШЕНИЈА ЗА ХИРУРШКИТЕ САЛИ“ Заменик министeрката Манолева ќе побара помош од владата

Граѓаните во моментов чекаат операција на жолчка, колк, малигно потенцијално заболување, а некои од нив се препраѓаат во другите болници.

593

Заменик-министерката за здравство Маја Манолева вели дека на средба со директорите на клиниките се договориле за спроведување алтернативни решенија за хируршките сали кои не работат две недели, поради проблеми со инсталацијата за кислород и во компресорската станица.

Граѓаните во моментов чекаат операција на жолчка, колк, малигно потенцијално заболување, а некои од нив се препраѓаат во другите болници.






Манолева во вестите на Сител рече дека на средба со директорите на клиниките пронашле некои алтернативни решенија, но не и целосно решавање на центарот

– Ќе се постават надворешни компресори и садови со компромиран вопздух. Оператовниот план ќе се реализитра со одлука на стручни колегиуми во рамки на секоја клиника – рече Манолева.

Слично како и министерот Илир Демири, и таа ќе бара итна реакција од Владата на седница.

– Заеднички служби за потребите на здравството да се задолжат како посебна устанива за итна набавка и промена на компресорската станица и инсталацијата за довод на компромиран воздух – додаде таа.

Поврзани содржини
na