ИМАЛ ЗА ИЗДРЖУВАЊE ГОДИНА И ПЕТ МЕСЕЦИ ЗАТВОР Жител на Брвеница уапсен и спроведен во Идризово

Како што соопшти полицијата, тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од една година и пет месеци за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ при семејно насилство по член 144 став 2 од Кривичниот законик.

185

Полицајци од СВР Тетово вчера во 15 часот во селото Брвеница, го привеле Т.М.(41), жител на селото баран за издржување затворска казна.

„Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната“, информира МВР.






Како што соопшти полицијата, тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од една година и пет месеци за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ при семејно насилство по член 144 став 2 од Кривичниот законик.

 

Поврзани содржини