ИМА СПРЕМНОСТ ЗА НОВО МНОЗИНСТВО Лидерот на Алијанса за Албанците на средба со сопартијците

Деталите од овие состаноци ќе бидат објавени во наредните денови, соопштија од Алијанса за Албанците.

715

Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села, на денешното партиско централно претседателство во Тетово ги информирал останатите членови за деталите од последните состаноци, кои, како што соопштија од партијата, се одржуваат во врска со формирањето на новото парламентарно мнозинство.

„Централното претседателство едногласно ги назначи претседателот и потесното претседателство како одговорни за да ги продолжат преговорите со другите партии и пратеници на помалите партии кои покажале спремност да бидат дел од новото парламентарно мнозинство, кое што мнозинство понатаму ќе го избере и новиот состав на Владата. Деталите од овие состаноци ќе бидат објавени во наредните денови“, соопштија од Алијанса за Албанците.

Поврзани содржини